Омилено туристичко место во Италија набргу ќе стане знаменитост за која ќе се плаќа влез
Дворот и балконот на куќата на Јулија во Верона се едни од најценетите и најомилени италијански дестинации на туристите од целиот свет, но набргу, најверојатно, туристите ќе мора да платат ако сакаат да влезат внатре. Куќата на Јулија во Верона се наоѓа во Виа Капело. На почетокот на дваесеттиот век извршени се важни градежни работи за да се избегне поплавување на реката. Во дворот на куќата има и статуа на херојката од делото на Шекспир. Туристите сакаат да се фотографираат со неа, да оставаат љубовна порака или лист со името на саканата/саканиот.