Aмериканскиот рапер Снуп Дог ќе биде дел од коментаторскиот тим на телевизијата „NBC“ за време на Олимписките игри во Париз. Задачата на раперот според најавите ќе биде да ги пренесува спортовите кои не се толку познати на американската публика. Тој веќе заедно со актерот Кевин Харт во студиото „NBC“ се обиде да игра ракомет, а коментираа и ватерполо.

„Растев гледајќи ги Олимписките игри и воодушевен сум од она што го прават спортистите. Олимписките игри се прослава на вештините, посветеноста и трудот“, изјави Снуп Дог.

„Ќе бидат тоа најепските Олимписки игри во историјата…Ќе ги подигнеме расположението и ќе ги направиме овие игри незаборавни“, најави раперот.

Се очекува Снуп Дог да настапува заедно со домаќинот Мајкл Тирик.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *