Дамјан Давков освои сребрен медал, а Владимир Грчев и Никола Стојковски – бронзени медали на 38. Интернационална олимпијада по информатика што се одржува во Ташкент, Узбекистан. Пофалница освои Виктор Максимоски.
Ова беше последно учество на олимпијадата за Дамјан Давков, кој досега ја претставуваше Македонија четири пати и секогаш се враќаше со медали. За Грчев и Стојковски ова е прво учество на ИОИ. Со освоени три сребрени и еден бронзен медал, Давков е најуспешниот натпреварувач на ИОИ од Македонија досега.
Нашето учество на олимпијадата го организира Здружението на информатичарите на Македонија чии членови ги подготвуваат учениците за меѓународните натпревари.
извор umno.mk
