Иван Костевски, повторно докажа дека знаењето, трудот и посветеноста секогаш водат до врвни резултати!

На INTERNATIONAL NEO SCIENCE OLYMPIAD 2025, во категоријата хемија, Иван го освои златниот медал, со што се искачи на самиот врв меѓу илјадници млади научници од преку 100 држави ширум светот.

На INTERNATIONAL STEM OLYMPIAD 2025, во категоријата општа наука, тој го освои сребрениот медал, потврдувајќи ја својата извонредна подготвеност и широко знаење во различни научни дисциплини.

На двата престижни меѓународни натпревари, Иван успеа да се пласира во Топ 10 учесници во светот – резултат кој зборува доволно за неговиот квалитет и амбиција.

Ова е само последен во низа успеси на Иван, кој веќе е препознаен како еден од најперспективните средношколци во земјата. Неговата љубов кон науката, постојаното истражување, но и скромноста и зрелоста кои ги поседува, го прават вистински пример за сите млади.

Нашиот Ivan Kostevski повторно со големи меѓународни успеси!!!
Златен медал – INTERNATIONAL NEO SCIENCE
OLYMPIAD 2025 – category chemistry
Сребрен медал – INTERNATIONAL STEM
OLYMPIAD 2025 – category science
И на двата натпревари пласман помеѓу топ 10, конкуренција на илјадници учесници од над 100 земји!
Стои во објавата на Гимназијата Славчо Стојменски

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *