Одбројувањето започна! Уште 20 дена до стартот  на фудбслското Светско првенство кое ќе започне на 20 ноември  а ќе трае до 18 декември. Ова ќе биде 22. издание на планетарниот шампионат и прво што ќе се одржи во зима, како и прво на кое домаќин ќе биде земја од арапскиот свет. Ова воедно ќе биде последно Светско првенство на кое ќе учествуваат 32 селекции, бидејќи по четири години на завршниот турнир во САД, Канада и Мексико ќе учествуваат 48 селекции. Осум стадиони во Катар ќе бидат домаќини на 64 натпревари од првенството, а сите се опремени со системи за климатизација кои ќе одржуваат температура од околу 20 степени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *