Од следната година Венеција ќе наплаќа влез во градот
Венеција планира од следната година да воведе билети за еднодневно патување кои ќе чинат 5 евра, со цел да се обиде да го контролира приливот на туристи. Билетите ќе бидат воведени пробно во времетраење од 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните празници и летните викенди. Планот, кој првпат беше претставен во 2019 година, прво беше одложен поради коронавирусот, а подоцна и поради технички и процедурални причини. 