Каролина Гочева има нова песна со наслов  „Од небо до дно“ која за едно деноноќие  „собра“ 16.000 прегледи на каналот Јутјуб и влезе во трендинг видеа.

Музиката е на самата Гочева, аранжман на оваа песна направи Роберт Билбилов а текстот е дело на Весна Малинова и Владимир Даниловиќ.

„Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано…Направена е во соработка со мојот стар другар и соработник, Роберт Билбилов…“, напиша Каролина во најавата и додаде дека стајлингот е на Јована Зука“ објави Каролина

 

 

24/08/2022

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *