Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до шест степени, а максималната ќе достигне десет степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *