Објавена е листата на најплатени музичари за претходната година, а на самиот врв според заработката се најде пејачот Брус Спрингстин, кој во 2021 година успеа да заработи неверојатни 435 милиони долари.Спрингстин ги продаде правата за неговите песни на Sony Music Group. Продажбата вклучуваше музички опус кој опфаќа 50 години кариера и вклучува 20 студиски албуми, а се проценува на околу 500 милиони долари.
На второ место се најде раперот Џеј Зи, кој во 2021 година заработил 340 милиони долари. Тој ги продал своите акции на стриминг компанијата Tidal и брендот за пенливо вино Armand de Brignac.
Трет најплатен музичар е Канје Вест со 235 милиони долари, а четврти Пол Сајмон кој го продаде својот музички опус во кој се „г-ѓа Робинсон“ и „Звукот на тишината“ на Sony Music и заработил околу 200 милиони долари.Рајан Тедер, познат текстописец кој освен песни за својот бенд OneRepublic, напишал многу хитови за Бијонсе, Адел и Ед Ширан и продал дел од својата колекција песни на инвестициската фирма KKR, заработил 160 милиони долари.
На листата има и еден бенд
Шестиот најплатен музичар е Боб Дилан со заработка од 130 милиони долари, додека Red Hot Chilli Peppers го зазеде седмото место со заработка од 116 милиони долари.
Осмото место му припадна на P. Diddy, музичар познат по своите претприемачки подвизи. Заработил 90 милиони долари, а иако се уште е сопственик на Bad Boy Records и брендот Sean Jean, во последно време најмногу пари му носи вотката Ciroc.
Деветти најплатен музичар е Нил Јанг со 80 милиони долари, а десетта е Линдзи Бакингем, гитаристката на Fleetwood Mac, која ги продаде правата на инвестициската компанија Hipgnosis и заработи 73 милиони долари.