Излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“.
Роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Роман за суштинската промена, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи. Авторка е на романите: Пишувајќи ги изгубените топки, Вишнова хроника, Одбројување (роман на годината за 2017 г.) и На враќање.