Интернетот е опседнат со новата песна на Мајли Сајрус, насловена „Flowers“. Песната е преслушана над 54 милиони пати на Јутјуб за само шест дена, а ТикТок и Инстаграм се преполни со видеа каде жените ја користат песната за сопствена содржина.

Мајли ја објави песната на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт, а текстот на песната му е посветен токму нему. Всушност, како што забележаа фановите, текстот на песната е одговор на „When I Was Your Man“ на Бруно Марс, која Лијам наводно ѝ  ја посветил на Мајли додека биле заедно.

Мајли во песната зборува за љубовта кон себе која најпосле ја открила откако се развела од поранешниот сопруг.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *