Познатиот македонски поп пејач Ламбе Алабаковски годинава ќе ја заврши успешно, со нова песна и видео спот. Станува збор за најновата песна „Дејгиди”. Аранжманот на оваа песна е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, е со потписот на Зага продукција.

Оваа македонска песна, која воедно е и најава за она што ќе се случува следната година, но и затоа што месецов одбележа полни 19 години од првото појавување на домашната музичка сцена.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *