Аргентина  ја совлада Полска со 2-0 и на тој начин како првопласирана во групата обезбеди место меѓу 16 најдобри на Светското првенство.

Мак Алистер и Алварез беа стрелци на погодоците, но одново се се вртеше околу капитенот Лионел Меси кој на овој дуел правеше се што можеше за екипата, ама не успеа и да го матира голманот Шчесни кој воедно и му одбрани пенал во првото полувреме.

Без разлика на ова Лео испишна нова страница во историјата воедно минувајќи го својот сонародник Диего Армандо Марадона. Членот на ПСЖ со 35 години и 159 дена стана најстариот играч кој на меч на СП имал 5+ успешни дриблинзи и 5+ создадени шанси.

Претходниот рекорд на Марадона важеше од 1994 година од средбата со Нигерија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *