Со интонирање на Македонската химна ќе започнува секој понеделник  во основните и средни училишта во Штип, а знамето на Македонија ќе треба да биде истакнато на видно место на училишната зграда.

Ова се само дел од правилата кое секое училште треба да ги воспостави со  новиот усовен правилник од страна на училишнете одбори.

Новиот  правилник предивува веќе  воспоставени правила но и нови кои ќе важат за сите  ученици, наставници, стручен персонал но и за родителите.

Освен интонирањето на државната химна, новиот кодекс на однесување предвидува:  правила на обелкување, начин на меѓусебно однесување, начин на користење мобилни телефони но и многу други. Исто така строго ќе биде забрането пушење, булинг но и внесување и консумирање на алкохол во училиштата.

Овој правилник има за цел да ги поттикне учениците во образовниот процес, самите наставници да ги мотивираат учениците за љупопитност при истражување на предметите а на родителите со правилникот  да се развива креативноста кај нивните деца истакна денеска на пресконференција Вишна Шорова Ангелова-секретар на општина Штип 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *