Бијонсе Ноулс (42) го објави својот осми студиски албум „Cowboy Carter“ и веќе добива позитивни критики од страна на слушачката публика. Но, ни нејзините најверни обожаватели не очекуваа дека на овој албум ќе се најдат дури 27 песни.

На албумот гостуваат едни од најголемите ѕвезди на светската музика – Доли Партон, Вили Нелсон, Мајли Сајрус, Пост Мелоун и многу други. Со ова музичко парче, Бијонсе премина во кантри стилот, што е отстапување од она по што е препознатлива – поп и ар-ен-би музика.

 

 

 

Она што, засега, најмногу го привлече вниманието е преработката на култната „Jolene“ на Доли Партон, а новата верзија има и сосема нови стихови, кои ѝ даваат еден поинаков сензибилитет на песната.

Интересно е дека Руми Картер, ќерката на Бијонсе, е вклучена во песната песната „Protector“.

 

 

 

Албумот, кој веќе е објавен на сите платформи на „Парквуд ентертејнмент“ и „Колумбија рекордс“, Бијонсе го посвети на нејзиното растење во Хјустон, град кој се гордее со својот каубојски начин на живот и кантри музика. Таа вели дека работела на албумот пет години.

 

„Мојот дедо од страната на татко ми ја сакаше кантри музиката и секоја година ме носеше во родео во Хјустон, што беше големо искуство за мене. А инспирација ми беше и традицијата на црните каубојци, кои, се разбира, беа дискриминирани и принудени да ги извршуваат најтешките работи. За да покажат што знаат, тие го формираа таканаречениот ‘Soul Circuit’, кој вклучуваше и црни родео шоуа“, раскажа Бијонсе.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *