Џенифер Лопез го објави спотот за песната „Can’t Get Enough“ и нејзините обожаватели се воодушевени. Освен што ја фалат песната бидејќи, како што пишуваат, звучи како нејзините хитови од раните 2000-ти, многумина не можат а да не се изненадат колку добро изгледа Џеј Ло.

Таа преку видеото смени неколку предизвикувачки комбинации, од кои некои беа многу провокативни. Во една сцена, таа се тркала по креветот во ништо друго освен полупроѕирна наметка, а сцената за која сите зборуваат е онаа кога таа слегува со јаже во бикини.

По речиси 10 години, латино-поп ѕвездата Џенифер Лопез издава нов албум, со наслов „This Is Me… Now“. На истиот ден – 16 февруари 2024 година, и истоимениот автобиографски документарно-музички филм ќе почне со прикажувањата, објави пејачката на Инстаграм.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *