Ед Ширан планира да издаде албум за секое од четирите сезони во годината како што направи за својата математичка серија, но претстои голем поп-албум пред да продолжи со Autumn Variations („Есенски варијации“).

Добитникот на „Греми“ им откри на фановите какви му се плановите откако ќе го издаде „Есенски варијации“, првиот од сезонската колекција албуми, чие објавување е најавено за денес (29 септември).

Британецот им се обрати на своите фанови: „Планирам да направам Summer Variations (летни варијации) и Spring Variations (пролетни варијации), а ќе има и Winter Variations (зимски варијации).

Но, тоа не е сè што доаѓа по новиот албум. Хитмејкерот најави и ‘лајф’-албум.

Британската музичка ѕвезда неодамна откри дека има ‘лајф’-верзија на „Есенски варијации“, која е снимена во домовите на фановите.

Ширан тајно го снимаше проектот додека настапуваше за фановите во нивните дневни соби.

Покрај клипот на кој тој изненади еден фан свирејќи на клавир, Ширан на својот „Инстаграм“ напиша: „Направив неколку изненадувачки попап-свирки во куќите на фановите, тајно снимајќи го ‘лајф’-албумот Autumn Variations, каде што секоја песна е снимена во дневната соба на друг фан, но сето тоа беше целосно изненадување“.

Ширан набргу ќе ја објави ‘лајф’-верзијата на албумот, а вистинскиот албум се очекува денес.

Албумот „Есенски варијации во живо“ во дневната соба на фановите, најверојатно, ќе се појави следниот месец, а студискиот албум во текот на денешниот ден.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *