Фотографиите порано служеа за сеќавања, а денес за што служат? Како да се променил самиот поим на значењето на фотографиите. Денес фотографиите служат за да се разврзе дискусија на социјалните мрежи, за луѓето да видат дека сме тука, дека нешто правиме, дека сме присутни… Кога се подготвуваме за одмор сите сме горе-долу слични. Пакуваме облека, крпи за плажа, козметички препарати и секако мобилен телефон со добра камера.

Важно е дека мора да се сликаме, затоа што ако немаме слики за објавување, тоа е исто како да не сме биле на одмор – никој нема да знае каде сме биле. Денес, ретки се оние што воопшто ќе ги развијат фотографиите. Некои можеби ќе ги префрлат во некоја папка на компјутер и ќе ги сочуваат за некои идни моменти, а некои и ќе ги избришат – нема потреба да ги чуваат кога веќе ги имаат на социјалните мрежи. Луѓето се тука за да ни потврдат дека нѐ виделе, но наместо да ни дојдат на гости, само ќе ни стават стикер во коментар. Затоа и денес имаме носталгија за старите времиња, организиравме седенки за да ги погледнеме направените фотографии, денес сме задоволни кога само стикер

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *