Новак Ѓоковиќ денот за одмор на Австралија Опен го искористи за разговор со српските медиуми. Најдобриот тенисер на светот говореше на повеќе теми, а една од нив беа ритуалите пред натпревар.

Србинот открива дека не е роб на навики и суеверија, но сепак постојат некои навики кои ги почитува. Притоа откри и каква музика слуша пред средбите.

„Го сакам Роки, но не сум во тој фазон да се гледам во огледало и да се пумпам. Не ми треба тоа. Колку имам насобрано во мене уште тоа ми фали, ќе експлодирам. Ми треба нешто за да ме смири. Пример слушам класична музика. Ќе експлодирам доколку го слушам Роки“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *