Новак Ѓоковиќ денот за одмор на Австралија Опен го искористи за разговор со српските медиуми. Најдобриот тенисер на светот говореше на повеќе теми, а една од нив беа ритуалите пред натпревар.
Србинот открива дека не е роб на навики и суеверија, но сепак постојат некои навики кои ги почитува. Притоа откри и каква музика слуша пред средбите.
„Не сум роб на навики, но тие се исклучителни битни. Ги имам и ги почитувам. Суевери е нешто друго, немам суеверија. До душа, понекогаш сакам да се туширам на ист туш во соблекувалната. Не мислам „леле, ќе загубам ако не го направам тоа“, но не ми е проблем доколку е зафатен“, изјави Ѓоковиќ кој потоа се осврна и кон музиката дополнувајќи се Карлос Алкараз и неговата изјава дека слуша музика од популарниот филм „Роки“.
„Го сакам Роки, но не сум во тој фазон да се гледам во огледало и да се пумпам. Не ми треба тоа. Колку имам насобрано во мене уште тоа ми фали, ќе експлодирам. Ми треба нешто за да ме смири. Пример слушам класична музика. Ќе експлодирам доколку го слушам Роки“.