Станува збор за месецот на машко здравје има цел да ја подигне свеста за важноста на машкото здравје и како такво во последните години изврши огромно влијание од општествен аспект. Ракот на простата е најчест тумор кај машката популација. Од друга страна, ракот на тестисите е тумор кој главно ги погодува младите меѓу 20 и 35 години.
Раното откривање на двата вида на рак е од суштинско значење за да може да се започне со соодветниот третман што е можно поскоро и да се зголемат шансите за излекување.
Ракот на простата е еден од најчестите видови рак кој ги погодува мажите. Симптомите генерално се отсутни во раните фази. Меѓутоа, ако тие се појават, најчесто се:
- Зголемена фреквенција на мокрење
- Уринарна итност придружена со болка и пецкање
- Чувство на нецелосно празнење на мочниот меур
- Појава на крв во урината и спермата
- Болка или печење при мокрење
- Непријатност или болка при седење, предизвикани од зголемена простата.
- Консумирањето здрава храна, вежбањето /физичката активност, избегнувањето алкохол, цигари и стресни ситуаци се од особено значење. Секако пегледите се клучни за да се открие било каква болест во рана фаза уште пред појавата на првите симптоми.
Клиничката болница Жан Митрев има специјална понуда од која можете да одберете.