Данил Николиски заедно со тренерот Христијан Јованов се дел од Македонската Џиу-Џицу репрезентација која ќе учествува на Светското првенство за јуниори кое се одржува во Хераклион- Крит-Грција.
Борбите на Данил почнуваат на 31 октомври односно утре а во првата средба се среќава со претставник на Данска.
Штипјанецот Николиски се вбројува во еден од најтрофејните спотисти на град Штип. Уште од мали нозе се занимава со овој спорт а има освоени врвни резултати на домашни и меѓународни натпревари од кои пзоначајни се Марибор Опен, Јадранската лига. Данил Николиски е носител на бронзен медал на Балканското првенство во 2024 година.