Под влијание на топла воздушна маса седмицата која е пред нас ќе имаме стабилно, суво и невообичаено топло време за овој период од годината со многу сонце и многу малку облаци. Температурите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните. И наутро температурите на повеќе места ќе се задржат до околу, или за неколку степени над нулата, што значи дека и утрата ќе бидат значително потопли.
Најтопло ќе биде утре и во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е дури да надмнинат и 20 степени.