Денеска времето во земјава наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 26 до 33 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.