Една од причините кои најчесто се наведуваат како мотив за напуштање на летното сметање на времето се научните истражувања за влијанието на менувањето на часовникот врз здравјето на луѓето, кои се почесто се спроведуваат ширум светот, а најмногу ги покажуваат негативните последици од оваа практика. Во Европа летното сметање на времето годинава завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта меѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, односно на 2 часа.

Најпознат пример за земја која го одби летното сметање на времето е Русија, земја која опфаќа 11 временски зони. Во 2014 година, претседателот на Русија, Владимир Путин, одлучи земјата да ја отфрли практиката на летно сметање на времето. Од 26 октомври истата година, жителите на Русија повеќе не мораат да ги навиваат часовниците двапати годишно.

Досега, две американски држави, Аризона и Хаваи, се откажаа од менување на часовникот, и двете имаат усвоено постојано зимско сметање на времето.
Канадските провинции Саскачеван и Јукон, од друга страна, оттогаш го прифатија постојаното летно сметање на времето.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *