Калиопи ги најави престојните концерти за октомври и ноември, но најави и ново музичко парче. Таа на социјалните мрежи објави краток тизер за новиот сингл „Кад осване“ кој наскоро треба да излезе во етерот. И овој сингл е снимен на српско-хрватски јазик и е наменет за регионалната публика. Овој месец таа има закажано 4 концерти во БиХ и тоа во: Сараево, Бијелина, Грачаница и Зеница. А во ноември ќе одржи голем концерт во Белград.