Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед. Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. –Според претходните најави од МВР, тие ќе бидат доставени до станиците за техничките прегледи, каде што граѓаните ќе може да си ги купат. Од СВР Штип истакнаа дека новите налепници ќе бидат достапни во станиците за технички преглед.