“Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто минатата есен и одличниот прием од страна на светската критика. Во текот на февруари и март “Најсреќниот човек на светот“ се отвара во редовна кино дистрибуција дури во шест европски земји. Светската дистрибуција ја започнува во Франција каде филмот ќе се прикажува во 37 кино сали низ цела Франција. Како и во Франција, позитивните критики не стивнуваат и во Шведска каде филмот се отвори во кино салите на 31. март. Емотивната премиера во Босна беше проследена со долги аплаузи и овации и филмот ќе се прикажува низ кината во оваа земја во наредниов период. Промоцијата на филмот низ светот продолжува во силен ритам исто така и со настапи на бројни престижни фестивали.  Во месец март и април “Најсреќниот човек на светот“ патува на дванаесет фестивали нив целиот свет.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *