Нверојатни 10 илјади евра чини најскапата пица во светот и се прави во Италија. Пицата се нарекува „Луј XIII“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола.Може да ја порачаат само одбрани гости во гратчето Салерно. Дијаметарот на пицата е 20 сантиметри, а се прави од посебни состојки. Тестото се прави од органско арапско брашно и се посипува со розова сол од реката Мареј.Потребни се дури 72 часа за да се подготви оваа пица. На пицата се додаваат три вида кавијар и седум вида сирења, како и други состојки.- Најскапи состојки се јастозите кои се прелиени со коњакот „Луј XIII“, кој инаку тешко се наоѓа на пазарот.Со пицата се служат посебен вид шампањ и бренди.