Популарниот магазин за мажи „Maxim“ ја прогласи убавата актерка Маргот Роби за најсекси жена во 2022 година.
Австралиското списание „Maxim“ ја објави својата годишна листа „Hot 100“ за 2022 година, на која се наведени најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. На врвот на нивната листа се најде 32-годишната актерка Маргот Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека пред прикажувањето на најновиот филм Вавилон.
Ова е рекорден трет пат како сексапилната актерка се наоѓа на врвот на „жешката“100 листата на престижниот магазин.Зад Маргот на врвот на листата на најсекси жени за 2022 година се две спортистки.
На второто место е фудбалерката Сем Кер, а на третопласирана на листата на Максим е австралиската тенисерка Еш Барти.
Роби неодамна стана најплатената актерка во Холивуд оваа година благодарение на нејзиниот хонорар за филмот за Барби на Грета Гервиг.
Според Variety, австралиската актерка добила огромни 12,5 милиони долари за да глуми покрај Рајан Гослинг како Кен во долгоочекуваниот филм заснован на мегапопуларната и веќе славна кукла со исто име.
На големо изненадување на јавноста на листата на Максим за најсекси жени на светот се најдоа и неколку жени кои никој не ги очекуваше на оваа листа.
Како, поранешната рагбистка Даниел Лејдли, која го смени полот од машко во женско во 2020 година, или политичарките Пени Вонг и Анастасија Паласкук.