Според една листа се создаде мапа од најпопуларните знаменитости во светот. На првото место се најде Таџ Махал, палатата се смета за најголемиот дел од индо-исламската архитектура која некогаш била изградена, втора најпопуларна е највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, а на трето место се најде Монт Еверест. Највисоката планина во светот се наоѓа на границата меѓу Кина и Непал, а на неа секоја година се искачуваат околу 800 луѓе. Дали претпоставувате по што е позната Македонија? Се разбира дека ја има на оваа листа…… А кога станува збор за нашата земја, најпопуларната знаменитост во Македонија е Охридското Езеро во Охрид.