„Јутјуб“ официјално ги објави десетте најпопуларни песни за 2022 година.
Листата се однесува на песни од САД објавени изминатава година, а кои собрале најмногу прегледи.
Како што пишува „Билборд“, на листата може да има најмногу две песни од ист изведувач.
Песните што се појавуваат на оваа листа вклучуваат прегледи на официјалното музичко видео, видеа со стихови од песната и содржини објавени на „Јутјуб“ од целата песна. Односно, прегледите не се гледаат само на едно видео, туку на неколку.
10. Лил бејби – In a Minute
9. Карол Џи – Provenza
8. Имеџин драгонс – Enemy
7. Карол Џи, Беки Џи – Mamiii
6. Bed bani, Ченчо Корлеоне – Me Porto Bonito
5. Фјучр – Wait for Un feat. Drake, Tems
4. Бед бани – Tití Me Preguntó
3. Џесика Дароу – Surface pressure
2. Кодак Блек – Super Gremlin
1. Енканто Каст – We Don’t Talk About Bruno