Објавена е листата со актери кои најмногу заработиле во 2022 година.

Платите на актерите зависат од бројни фактори, а како што се менува филмската индустрија така е потешко да се рангираат актерите. Во однос на заработката, на врвот на листата е славниот актер Том Круз со профит од 100 милиони долари.

По него на листата следат Вил Смит со 35 милиони долари, Леонардо Дикаприо со 30 милиони, Бред Пит со 30 милиони долари и Двејн Џонсон со 22.5 милиони долари.

Кога станува збор за најплатени актерки, на врвот е Марго Роби со заработка од 12.5 милиони долари и тоа благодарение на улогата во „Barbie“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *