Врз основа на годишното истражување на градовите, нивната организација, економија, степенот на образование на жителите и квалитетот на живот, беа изгласани нови победници.
Њујорк победи во општа категорија, додека според мислењето на стручното жири, најпаметен град во светот е британската престолнина Лондон.Секоја година се прави анализа на големите (и не толку големи) светски метрополи, квалитетот на животот во нив и брзината на нивниот развој и врз основа на тоа се прогласуваат најдобрите градови во светот. Њујорк годинава го зазеде првото место кога станува збор за вкупниот резултат врз основа на пет критериуми: економија, човечки капитал, квалитет на живот, животна средина и уредност, додека во другите категории победата ја однесоа Лондон, Гренобл, градот Сува на Фиџи и Окланд во Нов Зеланд.
Лондон претекна повеќе од 1.000 светски градови и стана најпаметен град
Лондон претекна повеќе од 1.000 светски градови и стана најпаметен град
На натпреварот за титулата најпаметен град во светот имаше повеќе од 1.000 учесници, а британската престолнина беше далеку пред другите конкуренти во доменот на човечкиот капитал, што вклучува исклучително познавање на градот, иновативни пристапи и способност за адаптација на технолошките промени, вештините на жителите и нивното ниво на образование. Во оваа категорија собра максимални 100 поени и си обезбеди убедлива победа. На второто место се најде Ријад во Саудиска Арабија.
Во топ-10 се: Њујорк, Сеул, Париз, Вашингтон, Абу Даби, Сиднеј и Бостон.
izvor fakulteti.mk