Сликата која Лионел Меси ја објави на својот Инстаграм-профил, насмеан со пехарот во раце после освојувањето на Светското првенство во Катар, стана најлајкуваната фотографија во историјата со 72 милиони лајкови, а творец на истата која влезе во историјата е англичанецот Шон Ботерил. Веднаш после направените слики, истрчал да ги испрати фотографиите на едитирање, а многу брзо потоа неговиот син кој работел како едитор му кажал дека има прекрасна слика. Меси ја преземал и ја објавил на Инстаграм, а сè потоа е историја