Богатството на поголем дел од најбогати луѓе во светот годинава се зголемило. Како што
пишува „Гардијан“, поскапувањето на животните трошоци значело дека многумина морале да се
мачат да имаат пристоен оброк за Божик и Нова Година, но не и американските технолошки
милијардери и руските олигарси.
Најбогатите станале уште побогати во 2023 година. Од Илон Маск и Марк Цукерберг на врвот на
пирамидата, до релативно малите „риби“, како што се Британците Џејмс Дајсон и Џим Ретклиф,
најновиот акционер на Манчестер Јунајтед, покажуваат бројките.
Дури и група руски олигарси успеаја да го зголемуваат своето богатство, барем на хартија, и
покрај економските санкции наметнати врз нив во повеќе области, како одговор на инвазијата
на Русија врз Украина.

Од 50-те најбогати, 12 изгубиле пари во 2023 година, а меѓу првите 500, дури 77 отсто го
зголемиле своето богатство, некои за незамисливи суми.
На врвот е Маск, со проценето богатство од 235 милијарди долари, според листата на 500
најбогати луѓе во светот на Блумберг. И покрај извештаите дека неговиот удел во X, порано
Твитер, е повеќе од преполовен откако плати 44 милијарди за да го купи во 2022 година,
милијардерот се врати назад во игра.
Акциите во компанијата за електрични автомобили се зголемија повеќе од двојно оваа година,
со што нивната теоретска пазарна вредност достигна речиси 816 милијарди долари, помагајќи
му на Маск, најголемиот акционер на Тесла, да го зголеми своето вкупно богатство за речиси 98
милијарди долари.
Еден од најголемите победници во тој поглед беше неговиот ривал Марк Цукерберг. Богатството
на основачот на Facebook скокна за 184 отсто, од 45 милијарди долари на 128 милијарди
долари, бидејќи вредноста на матичната компанија Мета порасна за 172 отсто во текот на
годината.
На листата на милијардери доминираат американците. Од 10-те најбогати луѓе, Французинот
Бернар Арно е единствениот претставник од другиот дел од светот, со богатство од 179
милијарди долари кое порасна за 17,2 милијарди долари благодарение на перформансите на
неговата луксузна групација LVMH Louis Vuitton.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *