Со нов мијалник во рацете најбогатиот човек во светот, Илон Маск, влезе во канцелариите на компанијата Твитер, која треба да ја купи за 44 милијарди долари пред истекот на рокот 28 октомври, пишува Гардијан. Маск појасни дека се работи за симболика, со фразата „нека потоне“ („let that sink in“), која на англиски се користи во ситуации кога нешто треба да се прифати, сфати или да се разбере. Во биографијата на својот налог тој наведе дека е „Главен твит“ (Chief Twit) и кажа дека ќе се обрати на вработените на Твитер утре, кога истекува крајниот рок да го приврши преземањето на Твитер. Во спротивно би се соочил со судскиот процес кој треба да продолжи во Делавер.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *