Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, изјави дека се шегувал кога кажал дека има намера да го купи Манчестер Јунајтед.
Маск на Twitter објави дека ќе го купи англискиот клуб, па се пишмани и објасни дека се шегува.
– Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на ова, би го избрал Манчестер Јунајтед. Ова е мојот омилен тим уште од детството, објасни Маск.
Манчестер Јунајтед е во мнозинска сопственост на наследниците на американскиот бизнисмен Малколм Глејзер, кој го купи клубот во 2005 година, а почина во мај 2014 година.