Халанд во 2023 година со Манчестер сити ги освои титулите во Лигата на шампиони, Премиер лигата и англискиот ФА куп.

По финалето на Светското првенство во Катар, во кое Аргентина на чело со Меси ја совлада во финалето Франција предводена од Мбапе, обајцата во дресот на ПСЖ ја освоија титулата во Франција.

ФИФА ја доделува наградата „The Best“ од 2016 година. Меси досега во кариерата освои две награди, Мбапе една, а Халанд конкурира за своето прво признание.

За фудбалерки на годината за номинирани шпанските репрезентативки Аитана Бонмати и Џенифер Ермосо, како и Колумбијката Линда Каиседо.

Победниците ќе бидат прогласени на свечена церемонија во Лондон на 15 јануари

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *