Рафаел Надал загуби еден сет, но релативно лесно го доби дуелот со Хиџиката во првото коло од УС Опен, актуелната шампионка, Ема Радукану доживеа пораз од Ализ Корне.

Мечот за Надал не почна најдобро, Шпанецот го загуби првиот сет со 4-6, но потоа работите си дојдоа на свое, следните три ги доби со 6-2, 6-3 и 6-3.

Во следното коло Надал ќе игра со Фоњини кој со 3-2 беше подобар од Карецев.

Актуелната шампионка на УС Опен, Ема Радукану брзо го заврши турнирот, таа доживеа пораз од Корне во два сета, 3-6 и 3-6.

Во првото коло загуби и Наоми Осака, таа беше поразена од Колинс со 6-7 и 3-6.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.