Во првиот квартал од годинава претплатниците во мобилната телефонија просечно во тек на еден месец иницирале 103,38 повици, а зборувале просечно 243,67 минути односно околу 4 часа. Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа и изнесува 157,74 минути (64,74%). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државата е значително помал и изнесува 80,98 минути (33,23 %).

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во првите три месеци од годинава, споредено и со првиот и со четвртиот квартал минатата година има намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации. Извештајот на АЕК за развојот на пазарот на електронски комуникации во првиот квартал годинава покажува дека вкупниот број активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1 920 834, што претставува пад од 1,06 проценти во однос на претходниот, четвртиот квартал лани, кога беа регистрирани 1 941 352.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *