Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски добитник е на специјалната награда „Мулти-платинум Аврд“ на четвртото доделување на наградите „Топ Хрватски музички награди“ во Загреб.

Четврто доделување на наградите TOP.HR MUSIC AWARDSA во Загреб ги собра најголемите ѕвезди од регионот на едно место. На оваа забавна манифестација во организација на Хрватското дискографско здружение и телевизијата РТЛ на македонскиот музичар Влатко Стефановски му беше врачено специјално признание Multi-platinum Award!

Претходно Мултиплатинумските награди на Хрватското здружение за дискографии за нивните музички достигнувања им беа доделени на Жељко Бебек и групата YU.

Со четвртата церемонија на доделување на Top.HR, беше одбележана и 75-годишнината на Croatia Records (поранешен Југотон), благодарение на која беа создадени безброј музички албуми кои го збогатија локалното и регионалното културно музичко наследство

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *