Манчестер јунајтед ја забележа првата победа во Премиер лигата оваа сезона, додека Ливерпул го запиша првиот пораз и остана на само два од можни девет бода.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Ливерпул со 2:1 во третото коло од Премиер лигата и со тоа ја забележаа првата победа.

Тимот од Енфилд по три одиграни кола практично остана без шанса за титула.

Мрежата на Ливерпул во 16-тата минута ја затресе Џејдон Санчо за резултат од 1:0. До крајот на полувремето, фудбалерите на Клоп се обидоа да погодат, но без резултат. Нивната лоша игра, во второто полувреме ја казни Маркус Рашфорд кога во 53. минута постигна гол за 2:0 предност за „Црвените ѓаволи“.

Девет минути пред крај на натпреварот Мохамед Салах успеа за погоди за мала радост на Ливерпул и резултат од 2:1, но тоа беше се.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *