Изминатиот викенд младинската организација Неци од Штип организираше Меѓународна работилница заедно со Неци Кипер на тема Социјална инклузија преку неформално образование. На оваа работилница учествуваа 25 млади од Штип истакна Викторија Кукушева претседател на младинската организаиција Неци.

Пристапот не беше обичен Power Point туку беше интерактивен односно имавме различни методи на дискусии, игри, работи во групи  преку кои овозможивме младите да се стекнат со нови знаења и да се овозможат повеќе видови на пристап како овие групи кои се исклучени од општетвото односно ранливи групи, со попреченост, раса, пол како да ги вклучиме во општевствениот живот“ Истакна Кукушева.

Инаку Младинската организаиција Неци брои 80 млади членови, младинска организаицја која нуди постојано надоградување на младите во социјална и општетсвна инклузија која исто така ги претставува интересите и потребите на младите луѓе

„Овозможуваме да се информираат останатите и да дојдат да се вклучат во младинскта организација бидејќи има многу множности како локалано, така регионално и национално. Овде е вклучена и Еразмус Плус програмата. Програма апсолутно бесплатна и овозможува младинска размена на обука“ Овде би сакала да ддадам и еден апел што е можно повеќе млади луѓе да дојдат и да се вклучат во нашата младинска организаицја“  истакна Викторија Кукушева претседател на младинската организаиција НЕЦИ.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *