Дваесет и тригодишната Шинис Паласиос влезе во историјата како првата жена од Никарагва која станала Мис Универзум. Паласиос е позната никарагванска манекенка и натпреварувачка за убавина која, пред да победи на изборот за Мис Универзум 2023, ја претставуваше Никарагва како Мис Никарагва на изборот за Мис на светот 2021 година, каде што се пласираше во најдобрите 40 натпреварувачки.

Паласиос ја започна својата кариера како модел и натпреварувачка на натпревари за убавина доста рано, па за прв пат ја „зеде круната“ на Мис Тинејџ Никарагва во 2016 година.

На изборот за Мис Универзум, таа изгледаше неверојатно во украсен, сребрен фустан кој зрачеше со убавина и елеганција, во комбинација со сјајна сина наметка, во чест на нејзината земја Никарагва, која има бело и сино знаме.

Таа е доста активна на Инстаграм каде има 651.000 следбеници, а популарна е и на ТикТок. Паласиос студирала масовна комуникација на Централноамериканскиот универзитет во Манагва и исто така била член на одбојкарскиот тим на универзитетот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *