Абердин бара отштета од 6 милиони фунти за својот најдобар играч, кој е под договор со тимот од шкотскиот Премиершип до 31 мај 2026 година.

Болоња, која заврши петта во италијанската Серија А и избори учество во Лигата на шампионите, влезе во трката со повратникот во англиската Премиерлига, Саутемптон, за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, објави британски „Дејли мејл“.

Во написот се наведува дека Абердин бара отштета од 6 милиони фунти за својот најдобар играч, кој е под договор со тимот од шкотскиот Премиершип до 31 мај 2026 година.

Се додава и дека Болоња неодамна имаше успех на шкотскиот пазар, доведувајќи ги Арон Хики и Луис Фергусон, кој стана и капитен.

Миовски имаше уште подобра втора сезона во Абердин, во која постигна 26 гола во сите клупски натпреварувања во кои настапи, од кои 16 во шкотската елита, со кои го подели четвртото место на листата на стрелците.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *