Со своите неполни 12 години Мила Ушинова доминира во тенисот. Најголема поддршка е нејзиниот татко, всушност поранешен тенисер Марјан Ушинов. Омилен тенисер и е Рафаел Надал, а во иднина си посакува уште поголеми успеси.

Екипата на AngelsFm секогаш со поддршка за најмладите и талентирани деца овој пат стапи во контакт со Мила.

AngelsFm: Од каде желбата за тенисот?

Мила Ушинова: Со тенисот почнав да тренирам од 5годишна возраст, а желбата и љубовта кон тенисот ја наследив од мојот татко Марјан кој е поранешен тенисер и чичко ми Андреј кои тогаш  играа во клубот. Моментално, спарингувам со мојот брат Тодор. Поддршката од моето семејство ми е многу важна и сум навистина среќна што тенисот е наследна особина во нашата фамилија. Татко- ќерка е одлична комбинација бидејќи, можам да го следам неговиот пат и секој ден да се надоградувам за мојот успех во иднина.

AngelsFm: Во кој клуб моментално настапуваш?

Мила Ушинова: Членувам и настапувам во ТК Астибо- Штип. Тренирам со мојот тренер Срѓан Савевски. Но, исто така имам спарингувано со Кристијан Митев- Кико тренер во Германија, Ангел Ѓеорѓиевски од Катар. Па задоволството е мое кога доаѓаат во Македонија да тренирам со нив.

AngelsFm: Кои се успесите и резултатите кои ги имаш постигнато до сега?

Мила Ушинова: Ги поминав сите три категории во мини тенис.  Имам освоени први места во портокалов тенис 2021година, зелен тенис во 2023год. и до 12години јуниорки во 2024 година. Турнирот кој се одржа од 5 до 7 октомври 2024 година за тенисерки на возраст до 14 годишна возраст во Куманово го освоив високото трето место.  Учествував на турнир во кој доминираа повозрасни деца. Но, освои место и навистина сум среќна.

AngelsFm: Кои се твоите желби во иднина?

Мила Ушинова: Сакам фајтерска игра како Рафаел Надал и Карлос Алкараз. Па, во иднина ќе тренирам напорно а чекор по чекор ќе дадам се од себе за да се усовршам. Со божја волја да постигнувам уште поголеми успеси.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *