Мики Секуловски ја претстави својата нова песна „Сега те сакам“, која е достапна на неговиот YouTube канал заедно со официјален видеоспот. Станува збор за емотивна поп-балада што зборува за љубовта, разделбата и надежта за нов почеток.

Музиката, аранжманот и продукцијата ги потпишува Зоран Алексиќ, а текстот е дело на Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. За видеоспотот е заслужен Темелко Андреев, кој ја реализираше комплетната визуелна продукција.

Новото музичко издание веќе привлекува внимание кај публиката и бележи позитивни реакции, потврдувајќи го континуираниот музички развој на Мики Секуловски.

Во продолжение погледнете го официјалниот видеоспот за „Сега те сакам“.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *