Михаел Шумахер пред повеќе од десет години доживеа страшна несреќа на скијање на француските Алпи и оттогаш никој не го видел во јавноста. Иако многумина изгубија надеж дека некогаш ќе се појави, сега од Германија пристигнуваат неверојатни информации дека Шумахер би можел да присуствува на свадбата на својата ќерка ова лето!

Џина-Марија Шумахер за неколку месеци ќе се омажи за својот избраник Јан Бетке, а планирана е голема прослава во Мајорка каде семејството Шумахер има вила веќе шест години. Се шпекулираше дека Шумахер може да ја продадат вилата на Мајорка за да продолжат да го финансираат закрепнувањето на Михаел, но тоа не се случи, туку наводно протекоа информации дека го префрлиле од вилата во Швајцарија на овој шпански остров каде ги има сите услови за закрепнување. Со оглед на тоа дека семејството крие апсолутно се за Михаел, никој не е сосема сигурен каде се наоѓа сега, но германските медиуми веруваат дека тој би можел да биде виден на венчавката.

Исто така, италијанскиот „Кориере дело Спорт“ додава дека Михаел Шумахер се наоѓа во споменатата вила на Мајорка и дека нема да биде потребно никаде да го преместуваат, бидејќи гостите ќе дојдат кај него и таму ќе се одржи церемонијата. Се разбира, доколку се сличи тоа, сигурно ќе има голема безбедност за некој да не го види поранешниот Формула 1 возач.

Интересно е што Корина Шумахер го купи овој имот во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а потоа се беше преуредено така што Михаел практично има „приватна клиника“, каде постојано е придружуван од медицински персонал за да го следи неговото здравје. Засега нема официјални информации дали Михаел навистина ќе присуствува на свадбата, бидејќи семејството крие се, па дури и тоа – веројатно до самата венчавка.

Инаку, освен најблиското семејство и неколку пријатели, Шумахер веќе десет години никој не го видел. Последното нешто што го знаеме за него е од британскиот возач Џони Херберт, инаку негов поранешен колега од Бенетон.

  • Понекогаш слушам некои работи… На пример, од некои луѓе во Формула 1 слушнав дека Шумахер седи на трпезариската маса за време на вечера, но не знам дали е вистина, можам само да прочитам меѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека сè уште нема знаци дека е можно целосно закрепнување, истакна Херберт.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *