По пауза од шест години, американска хеви-метал група, „Металика“ се враќа на сцената. Бендот ги изненади фановите со нова песна чиј наслов е „Lux Æterna“, со која најавија и повратен албум и голема турнеја за следната година. Албумот „72 Seasons“ќе излезе на 14 април следната година. Сепак, на задоволство на фановите, вчера бендот објави една песна од албумот. Нивната турнеја започнува во Европа истиот месец кога го издаваат албумот, пред серија концерти во Северна Америка подоцна во годината. Дополнителни места се закажани за Европа и Америка во 2024 година. Турнејата вклучува две шоуа во секој посетен град, а бендот ветува сосема различни сет-листи и споредни состави во секоја од нив.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *